ДУИ ВОДИ РАДИКАЛНА КАМПАЊА ВО БУТЕЛ Градоначалник морало да биде Албанец, а не фаворитот Дарко Костовски
Деновиве следиме радикална кампања од страна на ДУИ во Бутел. Под знамиња на УЧК, се држат говори, во кои повикуваат да не се гласа за Македонец, само поради етничка припадност.
ДУИ врши голем притисок врз Албанци кои јавно му даваат поддршка на Дарко Костовски, градоначалникот на општината Бутел, коj влезе во трката за нов мандат. Граѓаните го препознаваат неговиот ангажман за решавање на децениските проблеми и во места каде што живеат и Албанци: носење градски водовод во Љуботен, изградба на поликлиника, нова градинка во Бутел 2, ново училиште во Визбегово итн.
„Оваа националистичка реторика нема да не однесе никаде, граѓаните одбираат развој и проекти. Времето на голиот национализам е одамна заминат во историјата“, велат граѓаните.
Според анкетите, Костовски во Бутел доминантно води со 26%, додека противкандидатите од СДСМ и од ДУИ се со 5% и 7% рејтинг.