ДУИ СОПСТВЕНИОТ КРИМИНАЛ ГО КРИЕ СО НАЦИОНАЛИЗАМ Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Липково чекаше фабрика, а доби споменик

Според партијата, жално е што Димитар Ковачевски и СДСМ останаа неми за активностите на нивниот коалициски партнер.

612

Добро е ДУИ да каже дали овој нејзин проект е од зелената агенда, или пак од онаа стандардната, кога треба да се краде, да се дефокусира вниманието со политички теми за ширење на национализам, бара ВМРО-ДПМНЕ.

-Добро би било да го објасни Али Ахмети бенефитот за граѓаните на Липково од споменикот, со оглед на тоа што тамошните жители се иселија во отсуство и бесконечно чекање на инвестиции. Липково чекаше фабрика, а доби уште едно замајување, споменик и лага на ДУИ- велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму велат дека ваквите потези на ДУИ предизвикуваат фрустрации кај граѓаните.

– Секако ваквите теми и потези предизвикуваат фрустрација на останатите граѓани, и во таков еден случај кога ќе има други чекори, кога некое друго спомен обележје ќе изникне, ДУИ и СДСМ не треба да глумат изненадена страна -велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, жално е што Димитар Ковачевски и СДСМ останаа неми за активностите на нивниот коалициски партнер.

– СДСМ и Димитар Ковачевски како по обичај кога се случуваат вакви нешта се прават недоветни, на тој начин со нечинење придонесувајќи натамошно да се разградат кревките мостови на соживот во земјата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини