ДУИ СЕ ОТКАЖА ОД ГРУБИ, АМА ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВА Во СДСМ владее истата криминална матрица, обвини ВМРО-ДПМНЕ
Груби беше највлијателната фигура за време на владеењето на криминалната коалиција СДСМ-ДУИ, кој големата моќ ја демонстрираше со арогантно однесување летајќи орли по телевизии, играјќи фудбал по државни канцеларии, криминално печалејќи врз грбот на граѓаните, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
Во СДСМ владее истата криминална матрица, без никаков морал и етичко однесување. СДСМ на чело со неврохирургот на Заеви, Венко Филипче и неговите партиски соработници се оставштина од периодот на владеење на криминална коалиција СДСМ-ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„И од нив не може да се очекува конструктивност, нови идеи, нов и чесен начин на делување. Целото раководство на СДСМ, заедно со Филипче кој бил од иста влада со Артан Груби, кој поради криминал се најде на црната листа на САД и стана бегалец од македонската правда. Артан Груби беше тој кој СДСМ ги држеше во раце да не им падне владата, па да не можат да продолжат заедно да крадат. За да не им падне криминалната влада, која до последен ден висеше на стаклени нозе, и да можат да владеат и да седат во удобните фотелји, СДС го гледаа и го премолчуваа криминалот на Груби. Со тоа СДСМ станаа соучесници во криминалот, осиромашувањето на народот и крадењето на државата. Груби беше највлијателната фигура за време на владеењето на криминалната коалиција СДСМ-ДУИ, кој големата моќ ја демонстрираше со арогантно однесување летајќи орли по телевизии, играјќи фудбал по државни канцеларии, криминално печалејќи врз грбот на граѓаните. Од ваквото однесување на Артан Груби и од неговиот криминал се дистанцираше дури и неговата партија. И ДУИ вели дека таквото однесување на Груби било погрешно. Дури и ДУИ, симболично кажано, уште пред петел да пропее, се откажа од Артан Груби. Од петни жили, ДУИ се обидуваат да најдат начин како народот побрзо да заборави на арогантното однесување на Груби во владата, на неговиот криминал и корупција, но и дека некогаш бил нивен член. И неговиот партиски и владин другар, Бујар Османи знаел за арогантното и криминално однесување на Артан Груби, за кој вели дека му пречело и дека не го одобрува. Само Венко Филипче и СДСМ остануваат верни на Артан Груби. Само тие ниту виделе, ниту знаеле, ниту им пречело арогантното и криминално однесување на Груби“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е така, наведено е таму, затоа што откако му оставија одврзани раце да прави што сака, станаа соучесници во неговиот криминал и корупција.
„И затоа, бегството им одговара само на СДСМ, затоа што знаат дека Груби води до нив и така би излегле на површина криминалите кои заеднички ги правеле. Но, на Венко Филипче и СДСМ треба да им е јасно дека одговорност ќе има, колку и тие да се препелкаат и да измислуваат изговори. Македонија се трансформира и правна држава и одговорност, за сите кои што се огрешиле пред законот, ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.