ДУИ СЕ НАДЕВА НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ НЕЈЗИНИОТ ПАД Албанците се изморија од орли, врани и од зајаци, порача Мицкоски
Народот е уморен од чекање за подобар живот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.
Последните избори испратија порака и до коалицискиот партнер на СДСМ, Демократската унија за интеграција, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври.
– ДУИ доби порака од народот и од Албанците дека доста беше политиканство и злоупотреба на етничките теми за лични интереси и богатење. И овој резултат се случи затоа што тие не разбраа дека додека се занимаваат со орли, врани и со зајци, народот е уморен од чекање за подобар живот – живот што граѓаните 20 години не го добија со таа партија. Го чув и нивното барање за предвремени парламентарни избори. Тие се надеваат на тоа за да се спречи падот што евидентно го имаат, а таа удолница што ја фатија е поголема од онаа што оди од Стража кон Зајас – порача премиерот Мицкоски.