ДУИ, СДСМ И СЕЛА ПРОДОЛЖУВААТ СО ЗАКАНИ Европскиот сојуз за променa остро реагира за куршумот во дворот на Таравари
Заканата кон претседателот на АА, Арбен Таравари, е сериозен чин против демократијата и европските вредности. Јасно се гледа дека ДУИ не може да излезе од минатото и да стане дел од европските вредности, велат од Европскиот сојуз за променa.
„Криминализираната власт, сега поддржана и од Зијадин Села, продолжува со стилот на закани и убиства кон сите кои ја загрозуваат нејзината позиција во Владата. Денешната случка, каде во дворот на куќата на Арбен Таравари му беше оставен куршум, докажува дека ДУИ и Зијадин Села како партнери на СДСМ немаат ништо заедничко со Европа и нејзините вредности. Ги разоткрива и проруските и просрпските политики.
Можеби ќе ве интересира
Денешната закана против Таравари докажува дека оваа влада спроведува антиевропски акции. Познати се само Владимир Путин и Александар Вучиќ кои се закануваат во ваков стил. Додека за ДУИ јасно говори и минатото. Бидејќи пред централниот штаб на оваа партија имаше размена на оган, повредени и загинати, во штабот на ДУИ во Куманово беше убиен командант Шќипоња, по војната беа убиени стотици војници и команданти на ОВК, меѓу кои и Харун Алиу“, се наведува во соопштението.
ЕСП бара случајот со заканата против Арбен Таравари, полицијата во најбрз можен рок да го реши, да го пронајде лицето кое го ставило куршумот во дворот, како и нарачателот.
„Ваквиот начин на функционирање на ДУИ и СДСМ, воопшто не ја плаши опозицијата, туку само ја направи помоќна, поорганизирана и ја запечати победата. Никој не може да ја запре динамиката на народот за промени. Ова е голем аларм за меѓународниот фактор на кој сега му е повеќе од јасно што се случува кај нас и со каква моќ си има работа“, порача ЕСП.