ДУИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР Втор круг ќе има во Струга и во Кичево

1,644

ДУИ прогласи победа во општина Гостивар, а нејзини кандидати ќе одат во втор круг во Струга и во Кичево.

– Уште во првиот круг е затворена големата победа во Гостивар, со една длабока разлика 6:1 наспроти кандидатот на коалицијата „Вреди“. Валбон Лимани ќе биде градоналчаник на Гостивар – соопшти Арбер Адеми од ДУИ вечерва на прес-конференција.






Во Кичево и Струга, како што рече, нивните кандидати влегуваат во втор круг, со противкандидати од ВМРО-ДПМНЕ. Фатмир Дехари оди во втор круг со Александар Јовановски, а Арсим Далипи оди во втор круг со Менди Ќира.

– Во Чашка ќе имаме градоначалник од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ) – рече Адеми додавајќи дека со тоа е испишана историја.

За Чашка се кандидираше Суат Шаќири од НАИ.

Поврзани содржини