ДУИ: Опозицијата да сноси одговорност за поразот и да ги напушти ходниците на македонските партии

4,230

Напуштањето на Заедничката тркалезна маса од страна на албанските парламентарни партии и стоењето во ходниците на седиштата на македонските партии од странa на партиите кои ги загубија изборите на 15 јули е продолжение на поделбата на Албанците, дефокусирање од поразот и
слабеење на преговарачките позиции на албанскиот победник на парламентарните избори, реагира ДУИ попладнево.

„Од крајот на изборниот процес, овие партии неколку пати ги сменија своите ставови во обид да ја избегнат одговорноста во рамките на своите субјекти за следниот пораз на избори.Тие се обидуваат својот партиски неуспех да го претворат во неуспех на сите Албанци со тоа што ќе стојат на ред во ходниците на македонските партии со единствена цел да не дадат одговорност пред партиските тела за
нивниот континуиран неуспех. Ние во ДУИ ќе продолжиме да ги покануваме да се обединат и ќе ја
предводиме решително затоа што обединувањето во здрава и национална опозиција е во интерес на сите. Оваа определба, ДУИ и г. Ахмети ќе ја продолжат и покрај пречките за создавање на достоинствена опозициска алтернатива која нема биде заслепена од желбата за власт“, се ели во реакцијата на ДУИ.

Поврзани содржини