ДУИ ОЧЕКУВА ПОДОБАР ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ ОД СДСМ Бектеши вели дека ќе бидат втора партија во Македонија
Бектеши, кој е член на централното претседателство на ДУИ, не очекува врз изборниот резултат да влијаат внатрепартиските несогласувања околу тнр. „Огнена група“.
На наредните избори ДУИ ќе биде лидер во албанскиот политички блок, а согласно последните анализи може да биде и втора партија на ниво на државата – вели во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик министерот за економија Крешник Бектеши кој е член на централното претседателство на ДУИ.
Прашан, дали може да има влијание внатрепартиското несогласување, Бектеши вели дека тоа се случувало со сите партии.
– Ние имаме такви примери уште од нашето формирање во 2002 година. Тоа се случува во сите политички партии. Најважно се мисијата, програмата, идејата, визијата на ДУИ да биде преточена во владини програми и проекти за доброто на граѓаните, затоа и расте поддршката кон ДУИ и тоа ќе биде така сигурно и на наредните парламентарни избори – вели Бектеши.