ДУИ КУПУВА ГЛАСОВИ И ПОЛНИ КУТИИ Мицкоски потсети на Липково и на уште најмалку 50 такви случаи

На овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот - вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

316

Ниту размислувам, ниту на памет ми паѓа било каква коалиција со ДУИ по изборите, наш иден партнер е условно кажано албанската опозиција во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во телевизија АлсатМ.

Според него народот е јасно против политиките на оваа влада во која се СДСМ и ДУИ.






– На овие избори се покажа дека имаме антивладино расположение и тоа треба да се почитува и мора да се почитува гласот на народот – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  укажа дека ДУИ не може да се однесува како ова да е бинационална држава, и додаде дека ова е држава на сите.

Мицкоски се осврна и на однесувањето на ДУИ на терен со поткуп и притисоци, за што како што посочи „има сведоштва“.

-Дополнително тоа што го прави на терен ДУИ не е волја на народот, има притисоци, поткупи. Тоа народот не го сака. За ова има сведоштва. Мора да го споменам случајот и со општина Липково во едно избирачко место за каде има и пресуда од Управен суд за неправилности. Има сомневање за други места, дека тоа се случува и во Гостивар, Тетово. Бројни нерегуларности се поврзани со ДУИ – заклучи Мицкоски.

Поврзани содржини