ДУИ ГО ОСТАВИЛА ЧЛЕНСТВОТО САМОТО ДА ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ГЛАСА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ Груби преку видео испрати порака дека не гласа за шеф на државата

1,567

Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историска победа, истакна шефот на изборниот штаб на ДУИ, Арбер Адеми по затворањето на гласачките места.

– Заедно со нови победи, Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историска победа на овој народен референдум кој ќе ја запечати европската иднина, нема враќање назад. Волјата на граѓаните е пред сè – рече Адеми заблагодарувајќи им се на гласачите кои, според него, ја осудиле пропагандата.






Тој додаде дека Европскиот фронт ќе остане, како што рече, верен на волјата на гласачите.

– Победата е наша, на сите кои кажавте „не“ на Русија, „да“ на Европа – истакна Адеми.

На новинарско прашање, шефот на изборниот штаб на ДУИ одговори дека Европскиот фронт ги оставил своите поддржувачи самите да одлучат дали ќе гласаат на претседателските избори. Според него, ако се направи споредба меѓу процентите на излезноста меѓу двата вида избори, има мала разлика, но не до тој степен кој би се одразил на фактичката состојба.

– Имало поддржувачи на Европскиот фронт кои денес ја изразиле својата волја за претседателските избори. И претседателот Ахмети гласаше, и премиерот Џафери гласаше денеска, и министерот за надворешни работи гласаше. Граѓаните по слободно убедување одлучиле дали да гласаат. Јас не гласав – рече Адеми од Мала Речица.

Артан Груби денеска додека траеше изборниот молк и процесот на гласање објави видео во живо на Фејсбук на кое што беше забележано дека не зел ливче за претседателските избори и не гласал за ниту еден од двајцата кандидати.
Поврзани содржини