ДУИ ГО ОСТАВИ ЗДРАВСТВОТО ВО „КЛИНИЧКА СМРТ“ Коалицијата Вреди вели дека Таравари полека го враќа во живот

Коалицијата тврди дека со нивнoто преземање на одговорноста, ситуацијата се променила.

126

Коалицијата Вреди го обвинува ДУИ за корупција и небрежност во здравствениот сектор, наведувајќи дека поради нивните практики, здравството било оставено во „клиничка смрт“.

Според соопштението, ДУИ ја предизвикала смртта на 14 граѓани во модуларната болница во Тетово и оставила здравствените работници во неизвесност со привремени договори, кои ги користела како политички алатки.






Коалицијата тврди дека со нивнoто преземање на одговорноста, ситуацијата се променила.

„Министерот за здравство, Арбен Таравари, најавил дека започнува процесот на систематизација на над 1.000 здравствени работници, а за прв пат по 15 години е ажурирана позитивната листа на лекови“, велат од Вреди.

Оттаму нагласуваат дека годинава биле примени 300 нови специјализанти, а следната година ќе бидат примени уште 300.

Во соопштението се истакнува и напредокот на Детската клиника, која, како што велат од Вреди, била оставена во катастрофални услови под власта на ДУИ. Новиот директор, Реџеп Мемеди, по само шест месеци работа успеал да ја подигне клиниката и да ги подобри условите за пациентите.

Поврзани содржини
na