ДУИ ГО ДЕЛИ ВМРО-ДПМНЕ, ЌЕ ПОМОГНЕЛ И ГРУЕВСКИ?! Гладна кокошка власт сонува…

Кои се клучните елементи на сценариото за поделба на ВМРО-ДПМНЕ, со што би се обезбедил опстанок на власт на коалицијата на СДСМ и ДУИ?

7,129

Што се крие зад изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека е можно 118 пратеници во Собранието, без двајцата од Левица, да гласаат за уставните промени?

Одговарајќи на прашањето дали е можен договор со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, Ковачевски во Гевгелија одговорил дека остава простор за договор и секој да ги модерира своите ставови.






– Видете, кога ќе има доволен број гласови, 120, кога ќе гласаат минус 2 од Левица, коишто сигурно немаат да гласаат. Тие се против членството на државата во Европската Унија и сѐ до тогаш оставам простор за договори и секој да ги модерира своите ставови – прецизирал Ковачевски.

Ковачевски го зборува она што му го диктира Артан Груби од ДУИ, тврди извор од опозицијата за Плусинфо. Тој додава дека Груби, Али Ахмети и други политичари Албанци веќе подолго време на свои колеги и познаници од Приштина и од Тирана им раскажуваат „бајки“ за тоа како ДУИ и СДСМ ќе го поделат ВМРО-ДПМНЕ и така сегашната коалиција ќе останела на власт.

– До нас стасуваат такви информации во последниве неколку месеци, од наши пријатели во дипломатијата – вели изворот.

Сценариото за поделба на ВМРО-ДПМНЕ предвидува два клучни потега: амнестирање и враќање на поранешниот премиер и партиски лидер Никола Груевски во земјата и амнестија на осудените за настаните на 27 април.

Некои аналитичари донесувањето на измените на Кривичниот законик го оценија како почеток на реализација на тоа сценарио. Иако самиот Груевски на Фејсбук се огласи по тој повод и нагласи дека измените на Кривичниот законик за него ќе имаат „минорно значење“, повеќе посматрачи поверуваа дека реализацијата на сценариото за поделба на ВМРО-ДПМНЕ веќе почнала.

Инаку, според анализите на некои правници, измените на Кривичниот законик не можат да го ослободат Груевски од издржување на казните затвор за случаите „Тенк“ и „Шамари во Центар“, за кои треба да одлежи 3 години и 6 месеци зад решетки. За „Плацеви на Водно“ Апелација му ја зголеми казната од 7 на 9 години. Во некои други случаи, измените на Кривичниот законик можеби за него ќе донесат некаква поволност, но во овој момент, без амнестија што ќе го опфати и него, Груевски мора да биде надвор од земјата за да избегне повеќегодишна робија.

Дека е тоа така јавно потврди и самиот Артан Груби, кој изјави дека „Груевски ни на сон не може да се врати слободен во Северна Македонија“.

– И таа изјава, но и предложениот закон за амнестија, кој не ги опфаќа т.н. високопрофилни случаи, како ни осудените за 27 април, јасно кажуваат дека ова е сценарио од типот „купи ден помини“. Нема никаква основа изјавата на Ковачевски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го „модерира“ својот став на тој начин што под притисок на Груевски или на некој друг од поранешните функционери, партијата ќе се откаже од својот принципиелен став. ВМРО-ДПМНЕ не тера инает за уставните промени, но бара решение со кое ќе бидат заштитени македонските национални интереси. Наспроти тоа, СДСМ и ДУИ инсистираат на овој лош предлог на уставните промени и на намерата да принудат или да поткупат опозициски пратеници – вели нашиот извор.

Функционери на ДУИ и на СДСМ, но и луѓе од медиумите блиски до власта, деновиве интензивно ги брифираат странските дипломати дека власта, со измените на Кривичниот законик и со најавената амнестија, а можеби и со нова амнестија специјално за осудените за 27 април, се труди да го омекне ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ги брифираат странците дека најмоќната опозициска партија може да се премисли, додека Левица е тврдина што не може да се освои.

– Лудо е да се помисли дека на 6 месеци пред изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот за толку важно прашање. Дотолку повеќе што ова раководство на партијата има и аргументи и убеденост со кои го брани својот став дека овој предлог на уставните промени е неприфатлив. Промената на ставот под притисок или на друг нелегитимен начин, спротивно на волјата на партијата и на волјата на граѓаните, за ова раководство на чело со Христијан Мицкоски би значело крај во политиката. Мислам дека е нереално да се очекува таква разврска во најмоќната партија во овој момент, која во анкетите на јавното мислење во овој момент тежи најмалку 50 пратенички мандати – вели нашиот извор од опозицијата.

А сценариото за спас на владејачката коалиција има и една сериозна маана и од „естетска“ природа – каков е тој СДСМ што мора да го спасува Никола Груевски?

 

ГРУЕВСКИ НИ НА СОН НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРАТИ СЛОБОДЕН ВО МАКЕДОНИЈА Груби тврди дека експремиерот нема ќар од законските измени

 

📷 ПОДГОТВЕН НОВ ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА Нема да важи ни за Груевски, ни за функционерите, а ни за осудените за 27 април

Поврзани содржини