ДУИ ГИ УТВРДИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ЧАИР, ТЕТОВО И ЗА ЖЕЛИНО Села ќе предложи за Струга, Арачиново и за Дебар, а Таравари за Гостивар, Врапчиште, Теарце и за Сарај

Во следните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени и кандидатите за останатите општини, соопшти ДУИ.

1,081

Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети е именуван за шеф на Централниот изборен штаб на партијата, соопшти ДУИ по состанокот на Централното претседателство.

Партијата соопшти дека се донесени одлуки за кандидати за градоначалници во неколку општини за претстојните локални избори.






„Со целосен консензус, Централното претседателство ги потврди кандидатите за градоначалници и носителите на советнички листи во повеќе општини: во Општина Чаир, кандидат за градоначалник ќе биде Бујар Османи, потпретседател на ДУИ, во Тетово  кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ, а во Желино ќе биде Емир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ“, соопшти ДУИ.

Носител на советничката листа во Гостивар ќе биде Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар, а во Струга, носител на советничката листа ќе биде Фатон Пололжани, претседател на огранокот на ДУИ во Струга.

Во следните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени и кандидатите за останатите општини, се додава во соопштението.

„Од Албанската алијанса, од г‑дин Зијадин Села очекуваме предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Арачиново и во Дебар, а од г‑дин Арбен Таравари  за Гостивар, Врапчиште, Теарце и за Сарај. ДУИ останува посветена на фер, инклузивен и програмски силен изборен процес за граѓаните во сите општини. Граѓаните, како на референдум, ќе ја потврдат својата следна победа на овие локални избори“, соопшти ДУИ.

Поврзани содржини