„ДУИ ГИ ОСТАВИ АЛБАНЦИТЕ 20 ГОДИНИ ДА ЖИВЕАТ ВО ЃУБРЕ“ Со затворањето на депонијата кај Никуштак завршува ерата на срам, порача Вреди
Денес го затворивме нивниот отпад, но на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и политичките кариери на фосилите на ДУИ, соопштени Вреди.
Вчера конечно ја затворивме дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владата на ДУИ, која со години го труеше воздухот и здравјето на жителите на Липково и на Арачиново, соопшти коалицијата Вреди.
„Оваа одлука беше овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои го претворија проблемот занемарен од ДУИ во државен приоритет. Овој чин не е само затворање депонија, туку затворање на ерата на срам и неодговорност. ДУИ 20 години ги остави Албанците да живеат меѓу отпадот, додека самите се богатеа на нивен грб“, соопшти Вреди.
Денес го затворивме нивниот отпад, но на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и политичките кариери на фосилите на ДУИ, се додава во соопштението.
„Липково, Арачиново и секоја албанска општина повеќе нема да бидат гробишта од ѓубре на ДУИ, ниту од отпад, ниту од корупција, ниту од политичко предавство“, соопшти коалицијата.