ДУИ: Филипче преку Арбен му се одмаздува на Насер Зибери за кандидатурата за премиер

Според ДУИ, тоа е недоличен, брутален и популистички акт со елементи на етничко влијание и политичка одмазда и е порака за сите Албанци, за целата Албанска дијаспора и сите други граѓани.

788

Демократската унија за интеграција остро ја осуди смената на директорот на Институтот за јавно здравје во Скопје Арбен Зибери од страна на министерот за здравство Венко Филипче и ја оцени како атак врз семејството на  кандидатот за премиер Албанец, Насер Зибери.

– Овој недоличен, брутален и популистички акт со елементи на етничко влијание и политичка одмазда е порака за сите Албанци, за целата Албанска дијаспора и сите други граѓани. Ова постапување е неприфатливо бидејќи е мотивирано против семејството на албанскиот кандидат за премиер – велат од ДУИ.






Според ДУИ, кандидатурата на Насер Зибери за премиер Албанец е причина за ваквото однесување на министерот за здравство.

– Кандидатурата на Насер Зибери за прв премиер Албанец им го замагли видот и умот на политичките опоненти кои не бираат средства за борба против еден Албанец на чело на институциите и на владата, и по цена на загрозување на јавното здравје на граѓаните – велат од ДУИ.

 

Поврзани содржини