ДУИ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ОТВОРЕНИ ЛИСТИ НА СЛЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Се бара најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот

Оваа изјава на Османи доаѓа откако во земјава се актуелизираше идејата за една изборна единица, односно по најавите дека ЛДП и Демократски сојуз ќе поднесат предлог-закон за воведување една изборна единица и отворени листи.

1,177

Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, денеска на својот Фејсбук-профил најави дека за следните парламентарни избори неговата партија ќе предложи отворени листи.

„Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува“, напиша Османи на Фејсбук.






Според него, тоа е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско претставување во Собранието.

Оваа изјава на Османи доаѓа откако во земјава се актуелизираше идејата за една изборна единица, односно по најавите дека ЛДП и Демократски сојуз ќе поднесат предлог-закон за воведување една изборна единица и отворени листи.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат една изборна единица во која право на глас ќе има и дијаспората.

Поврзани содржини