ДУИ ЌЕ ГО ПОДДРЖИ ЛИМАНИ ВО ГОСТИВАР, ШАБАНИ ВО ВРАПЧИШТЕ Партијата одлучи зад кој ќе застане на прегласувањето за градоначалник

Во одлуката се истакнува дека резултатите од претходните избори покажаа јасна и убедлива разлика во корист на Националната Алијанса за Интеграција, разлика која произлезе од заедничката работа, ангажманот на терен и широката народна поддршка. Генералниот совет оценува дека оваа предност ќе се продлабочи уште повеќе, благодарение на довербата на граѓаните и заедничкиот ангажман, се наведува во соопштението од ДУИ.

81

ДУИ по денешната седница на Генералниот совет соопшти дека на претстојните повторени локални избори ќе ги поддржи Валбон Лимани, кандидат за градоначалник на Општина Гостивар и Исен Шабани, кандидат за градоначалник на Општина Врапчиште.

Како што се посочува во соопштението, ДУИ оценува дека овие кандидатури ја претставуваат сериозноста, посветеноста и визијата на коалицијата НАИ за развој на општините и благосостојбата на граѓаните.






„Во одлуката се истакнува дека резултатите од претходните избори покажаа јасна и убедлива разлика во корист на Националната Алијанса за Интеграција, разлика која произлезе од заедничката работа, ангажманот на терен и широката народна поддршка. Генералниот совет оценува дека оваа предност ќе се продлабочи уште повеќе, благодарение на довербата на граѓаните и заедничкиот ангажман“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Од партијата посочуваат дека ќе се ангажираат со сите свои политички, организациски и човечки капацитети за да ги води овие две кандидатури кон победа, во интерес на граѓаните на Гостивар и Врапчиште и во функција на заедничката визија за евроатлантска интеграција и одржлив развој.

Поврзани содржини