ДУИ ЌЕ ГО КАНДИДИРА БУЈАР ОСМАНИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ? Последниот потег на Пендаровски ја сруши идејата за консензуален кандидат

ДУИ му сврте грб на владиниот партнер СДСМ за претседателските избори откако шефот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише указот за Законот за игри на среќа и за забавните игри. Со ова пропаѓа идејата за консензуален кандидат за шеф на државата, објави Слободен печат.

1,775

Откако шефот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише указот за Законот за игри на среќа и за забавните игри, автоматски пропадна идејата за ДУИ и СДСМ да имаат заеднички кандидат за претседател. Партијата на Али Ахмети сега дефинитивно ќе оди со свој кандидат за претседател на државата, и тоа најверојатно ќе биде министерот за надворешни работи Бујар Османи, објави Слободен печат, повикувајќи се на високи партиски извори.

ДУИ му сврте грб на владиниот партнер СДСМ за претседателските избори откако шефот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише указот за Законот за игри на среќа и за забавните игри. Со ова пропаѓа идејата за консензуален кандидат за шеф на државата, објави весникот.






Според функционерот од ДУИ, Пендаровски сам си ја затворил вратата за поддршка од „интегративците“ за претседателската кандидатура со непотпишувањето на указот за Законот. ДУИ не може да помине преку одлуката на Пендаровски, а со тоа СДСМ не може да се надева на консензуална поддршка од владиниот партнер.

Поврзани содржини