ДУИ ќе бара повеќе тестирања за ковид-19

Само со зголемување на бројот на тестовите, ние можеме полека да ги отвориме сите сектори, да го укинеме полицискиот час, да се отворат бизнисите - рече Османи.

287

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска најави дека како ДУИ на седница на Влада ќе го покренат прашањето за потребата од зголемување на тестови бидејќи сметаат дека тоа е единствен начин да се комплетира процедурата за олеснување на мерките.

– Само со зголемување на бројот на тестовите, ние можеме полека да ги отвориме сите сектори, да го укинеме полицискиот час, да се отворат бизнисите. Барањето ќе биде тестовите да се движат меѓу 500 и 750 на дневна основа со цел да бидеме помирни во донесувањето на одлуката за отворање на бизнисите – рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања по примопредавањето на донација од Австрија преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија.

Поврзани содржини