ДУИ ЌЕ ЈА ПОЧИТУВА ОДЛУКАТА СО КОЈА ГРУБИ Е НА АМЕРИКАНСКАТА ЦРНА ЛИСТА Ќе останат посветени на стратешката соработка со САД

Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста, соопштени ДУИ.

939

Демократската унија за интеграција ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД, соопшти денеска опозициската ДУИ.

Ова е првата официјална реакција на партијата откако вчера САД го ставија поранешниот вицепремиер Артан Груби на нивната црна листа. На листата од вчера е ставен и апелацискиот судија Енвер Беџети.






„Како партија, остануваме посветени на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави и на зајакнување на демократските вредности и транспарентноста“, се вели во соопштението на ДУИ.

Поврзани содржини