ДУИ БАРА ПАРЛАМЕНТАРНА КОМИСИЈА ДА ЈА „ЧЕШЛА“ ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ Европскиот фронт гледа селективна правда

Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД, ЕУ и земјите-членки на ЕУ во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес, се вели во соопштението на коалицијата.

126

Пратеничката група на Европскиот фронт бара да се формира посебна Парламентарна комисија.

„Целта е да се истражи селективниот и едностран пристап на правосудниот систем, кој е под контрола на Владата, во третманот на трагедијата во Кочани. Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД, ЕУ и земјите-членки на ЕУ во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес“, се вели во соопштението на коалицијата.






Селективната правда, се додава во соопштението, го потресе секој граѓанин на оваа земја и создаде ситуација без преседан која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите.

„Неодговорноста или политизацијата на правдата за тесно партиски цели не ги загрозува само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата. Парламентарната група на Европскиот фронт денеска ќе поднесе официјална иницијатива за ова прашање и очекува Собранието да дејствува со максимална одговорност и сериозност за да обезбеди независно, веродостојно и инклузивно истражување. ДУИ останува непоколебана во својата посветеност на заштита на правата на граѓаните и зајакнување на правната држава во земјата“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини