ДУИ ја одби Резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ

Ставот на ДУИ претходно го навести министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој изјави дека Резолуцијата ќе биде штетна за државата.

1,223

ДУИ не ја прифаќа резолуцијата за дефинирање на македонските црвени линии во однос на идентитетските прашања во спорот со Бугарија, поднесена до Собранието од ВМРО ДПМНЕ, а Алијанса за Албанците и Алтернатива дополнително ќе заземат став.

Ова се ставовите на двете партии по средбите на ВМРО-ДПМНЕ со претставници на ДУИ и на коалицијата АА-А:






Алијанса бара владејачките СДСМ и ДУИ да го усогласат ставот за Резолуцијата да се донесе со консензус.

– Не треба да правиме ништо што ќе биде спротивно на ЕУ интеграцијата. ДУИ смета дека јазичниот, историскиот и културниот идентитет не е прашање за дискусија и не е прашање за политичко договарање. Следствено цениме дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата помеѓу сите парламентарни партии и да се осигураме дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ – рече координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми.

Ставот на ДУИ претходно го навести министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој изјави дека Резолуцијата ќе биде штетна за државата.

Халил Снопче, од коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива изјави дека ги слушнал образложенијата на неговиот собраниски колега и оти останува тоа да го пренесе во партијата.

– За нас како партија е важно како Македонија да продолжи со интегративните процеси. Нашата Влада и целокупното општество во државата да се продолжи со залагањата за интеграција во ЕУ, тоа е главна цел за државата. Владата да биде внимателна и во разговорите и во реформите. За нас се многу битни добрите односи во регионот, па следствено и со Бугарија. Препорачуваме до Владата да биде внимателна – изјави Снопче.

Со резолуцијата поднесена од ВМРО ДПМНЕ се предлага преговорите да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.

Владејачката СДСМ најави дека ќе ја прифати резолуцијата онака како што е предложена.

 

 

Поврзани содржини