Мрбрама Тетово, добровечер Тетово од градот на соживотот и единството, градот симбол на едно општество за сите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев од граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Тетово.
– Ќе праша некој што е тоа што Заев бара во градопт под Шара. Барам поддршка оти од Тетово сум учел како е да се живее заедно. Горд сум на вас оти заедно го градевме концептот „Едно општество за сите“. Се обидоа со нападите лузни на лицето да ми остават, но не успеаја да го спречат концептот Едно општество за сите“. Ние сме мултиетничка земја и се бориме заедно под ова сонце. Еве од Тетово се двајца носители Билал Касами и Фаница нашиот координатор од СДСМ. Имаме предизборна коалиција, заедничка програма затоа што зборувавме за граѓанска програма. Еве не со прогарма на македонски, албански, турски, бошњачки и на српски – рече Заев.
Тој му се заблагодари накао што рече неговиот пријател Исмет Рамадани оти верува во концептот едно општество за сите .
– Во шетса изборна единица ќе ги победиме ДУИ, Алијанса и Алтернатива ќе имаме најмалку двојно повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ затоа што на народот доста му е од национализми, затоа оваа колаиција е победничка. Овде очекувам најголема победа оти сте биле заедно и во најтешкото. Сега кога има одлука за почеток на преговорите сега треба да бидеме заедно како никогаш порано. Да оставиме Македонија каква што од секогаш сме ја имале, мултиетничка, шаренолика, каква што е Европа. Ова е нашата татковина, друга немаме – рече Заев.
Тој додаде дека единството, сплотеноста е нашата иднина.
– ДУИ ја донело НАТО и ЕУ, што не ја донело со Груевски ако можеше. Тоа може приказни да му раскажуваат на некој друг. Ние ја донесовме, вие, сите кои веруваа во концептот едно општество за сите – порача Заев.
Тој додаде дека тој е пример дека секој граѓанин може да биде на која било функција во земјава, но мора да биде кадарен, мора да биде човек.
– Не е важно дали е Албанец, Турчин Влав, Бошњак, Србин… Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде премиер. Во недостиг на економска програма, опа, и ДУИ се враќа на национализмот и ја понижува интелегенцијата на граѓаните. Затоа крајно време е ДУИ да помине во опозиција, само на тој начин ќе се реформираат. Доволно е 17 години власт, доволно е – рече Заев.