Задоволен сум што откако ги зголемивме минималните плати на наставниците во последниот мандат на 400 евра месечно, заедно со првиот премиер албанец, ќе ја зголемиме минималната плата за наставниците, воспитувачите и медицинските сестри за 50 отсто, односно 600 евра секој месец. Ова не е само знак на почитување на нивниот важен придонес, туку тоа е само праведна исплата за она што тие го придонесуваат за нашето општество секој ден, рече потпретседателот на ДУИ Изет Меџити.
– Повисоките плати за наставниците, воспитувачите и медицинските сестри не е само за подобрување на нивниот животен стандард, туку исто така дека, не само што ја цениме нивната работа, туку и дека сакаме најдобрите луѓе да работат за нашето здравје и за нашите деца. Градинките и училиштата ги формираат нашите деца, тие им го обезбедуваат она што им е потребно за нивниот живот и кариера. Секој економски експерт ни кажува дека образованието е клучен фактор во економскиот развој – како сега така и во иднина. Како татко, сакам најдобри и најмотивирани експерти во овие институции, а како граѓанин и политичар, сакам да ја видам економијата како се развива и напредува. Затоа, зголемувањето на платите на нашите наставници и негуватели е исто така инвестиција во нашата економска иднина. Тоа е инвестиција, да им обезбедиме на нашите деца квалификувани и добро платени работни места овде во нашата земја, за да не мора повеќе да заминуваат за да направат добра кариера – рече Меџити.
Тој истакна дека важна мерка е да ги задржиме во земјава медицинските сестри.
– Медицинските сестри имаат можности за вработување низ цела Европа, како што знаеме, а многу од нив, претежно млади жени, мигрираат за подобра плата и подобри шанси. Со 600 евра месечно ќе им обезбедиме плата, со што ќе можат да заработат добро и да ја градат својата иднина овде во Македонија. Но, дозволете ми да додадам уште една група, која отсекогаш била потценета во нашето општество. Со минимална плата од 600 евра за медицински сестри, наставници и воспитувачи целото општество ќе има корист од оваа мерка. Ова ќе се случи во првите 100 дена кога нашиот премиер Албанец ќе биде на функција – истакна МЕЊџити.