📽️ „ДУХ“ ЗАПАЛИ ВОЗИЛО ВО ПАЛЕ! Урнебесно видео од пироманот кој се скрил под бел чаршаф

Во сцената, како и во комичните филмови, човекот прво се прикрадува, погледнува наоколу и се подготвува да го запали теренецот, пренесува Српскаинфо.

395

На социјалните мрежи се појави урнебесно видео од маж како го запали автомобилот на синот на градоначалникот на Пале, Бошко Југовиќ.

На видеото се гледа како маж, покриен со бел чаршаф, се приближува до теренецот Шкода Кодијак на улицата Миодраг Лоловиќ.






Во сцената, како и во комичните филмови, човекот прво се прикрадува, погледнува наоколу и се подготвува да го запали теренецот, пренесува Српскаинфо.

Откако успеал во намерата, како што може да се види на видеото од надзорните камери, за малку ќе се запалил самиот, односно пламенот не му го зафатил чаршафот, т.е. „штитот“.

– Во полициската станица Пале околу 01:00 часот било пријавено дека едно возило гори, а околу 01:20 часот гори друго. Пожарникарите ги локализираа пожарите, а полицијата е на терен – изјави за Срна Весна Стокановиќ, портпаролка на полициската управа во Источно Сараево.

Таа истакна дека по истрагата ќе се знае повеќе за причините за пожарот, но се претпоставува дека возилата биле намерно запалени.

Поврзани содржини