ДУБРАВКА Е ШАМПИОН Лежеше 117 часа и постигна нов рекорд

Правилата на натпреварот биле дека натпреварувачите не смеат да станат, но им е дозволено да спијат, да читаат книга, да јадат и да пијат.

2,051

Дубравка Алексиќ од Подгорица е победник во традиционалниот натпревар во излежување кое се одржа во Етно селото во Црна Гора, известува РТЦГ.

Дубравка успеала да лежи 117 часа и со тоа го соборила поранешниот рекорд, а како награда добила 300 евра.






Второто место го освоил Никола Бошковиќ, кој станал само 5 минути пред Дубравка.

Дури 115 часа во лежење постигнал Марко Вучковиќ од Никшиќ.

Правилата на натпреварот биле дека натпреварувачите не смеат да станат, но им е дозволено да спијат, да читаат книга, да јадат и да пијат.

Од оваа година има и ново правило, односно на секои 8 часа им било дозволено на натпреварувачите да одат до тоалет.

Поврзани содржини