ДУА ЛИПА СТАНА КОСОВСКА ДРЖАВЈАНКА Со претседателски указ ѝ е доделено државјанство

Дуа Липа е британска поп-пејачка и глумица со албанско потекло, родена во Лондон. Таа има освоено 7 „Брит“ награди и три награди „Греми“ награди за својата музика.

2,956

Косовската претседателка Вјоса Османи ја пречека светски познатата поп-ѕвезда Дуа Липа во Приштина, при што, со претседателски указ, ѝ додели државјанство на Република Косово. Во објава на својот Фејсбук профил вчера, Османи рече дека тоа е „посебна чест“ за земјата, нагласувајќи дека пејачката е една од најважните културни и уметнички личности во историјата на Косово.

„Добредојде дома, Дуа. Таа беше и продолжува да биде еден од најсилните гласови на најголемите светски сцени, пишувајќи историја со своите достигнувања и станувајќи инспирација за милиони луѓе низ целиот свет“, напиша Османи.






Таа го пофали придонесот на Липа за промоција на Косово на меѓународно ниво, охрабрувајќи ги младите луѓе и поддржувајќи ја тамошната уметност.

„Косово секогаш ќе се гордее со тебе“, нагласи Османи.

Дуа Липа е британска поп-пејачка и глумица со албанско потекло, родена во Лондон. Таа има освоено 7 „Брит“ награди и три награди „Греми“ награди за својата музика.

Поврзани содржини