📷 ДУА ЛИПА „СЛЕПО“ ГО СЛЕДИ НОВИОТ ТРЕНД Го покажува совршеното тело во точкасти минијатурни бикини и не го пушта свршеникот од раце
Британската пејачка со албански корени Дуа Липа го поминува летото на европски дестинации во друштво на свршеникот, британскиот актер Калум Тарнер и редовно ги чести обожавателите со фотографии во минијатурни бикини.
Британската пејачка со албански корени Дуа Липа го поминува летото на европски дестинации во друштво на свршеникот, британскиот актер Калум Тарнер и редовно ги чести обожавателите со фотографии во минијатурни бикини.
Пејачката Дуа Липа сè уште ужива во летниот одмор, а исто така и нејзините обожаватели, со кои редовно комуницира преку социјалните мрежи, каде што ги „информира“ за новите локации и новите летни секси комбинации.
Ова лето, таа е претежно во костими за капење, а забележливо е дека на европските дестинации што ги посетува со својот свршеник, актерот Калум Тарнер, сака да носи токму бикини со точки кои инспирираат многумина во овие летни денови.
View this post on Instagram
Во последните месеци, пејачката покажа бројни дизајни на бикини, а се чини дека е свесна дека апсолутниот хит на ова лето е дезенот со точки, па затоа го избира со големо задоволство.
Неодамна објави фотографии на кои позира во две различни, но слични бикини. Додека едното е со црни точки, другото има црна основа со бели точки, па е јасно дека дезенот со точки станал задолжителен ова лето, а колку долго ќе биде во тренд останува да се види.
View this post on Instagram
„Ги одмпоам коските пред да зачекорам танцувајќи во моите триесетти години“, напиша Дуа Липа со објавата. Во ноември, таа ќе го прослави својот јубилеј, 30-ти роденден.