ДУА ЛИПА ПОЧЕСЕН АМБАСАДОР НА КОСОВО Претседателката ја одликува пејачката

403

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, вчера на социјалните мрежи објави дека ѝ ја врачила титулата „почесен амбасадор на Косово“ на светски познатата британска пејачка Дуа Липа, која има потекло од Косово.

По тој повод Османи „во име на сите граѓани на Косово ѝ се заблагодари на Липа за се што направила гласот на Косово да се слушне низ целиот свет“, се наведува во нејзината објава на Фејсбук.






Османи додала дека Дуа Липа го користи својот глас и талент, не само за да му понуди на светот песни кои оставаат трага, туку, како што навела, „ да ја претстави најдобрата слика за Косово секаде во светот“.

Поврзани содржини