ДУА ЛИПА ЧЕСТИТАШЕ БОЖИК ВО БИКИНИ И ЧИЗМИ Пејачката во „жешко“ празнично расположение (ФОТО)

Липа носела провокативно минијатурно бело бикини со крзнени чизми, а друштво ѝ правеле нејзините пријателки.

877

Британската поп-пејачката Дуа Липа не го крие своето празнично расположение, па на својот инстаграм-профил објавила неколку фотографии на кои ја прикажува возбудливата новогодишна атмосфера.

Оваа 26-годишна пејачка со албанско потекло им покажала на своите обожаватели како изгледа празнична атмосфера во домашно издание.






Така Липа носела провокативно минијатурно бело бикини со крзнени чизми, а друштво ѝ правеле нејзините пријателки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)


Изгледа дека оваа забава била резервирана само за девојки, бидејќи целиот настан бил од лежерен тип.

Група пријателки уживале во заедничкото дружење, јадење, но и капење во џакузи.

Покрај низата заводливи фотографии, објавила и една од детството на која позира со Дедо Мраз.

„Среќен Божик и среќни празници. Божик може да биде тежок период, затоа секако проверете како се вашите најблиски кои можеби ги поминуваат празниците сами, оние кои трпат губиток или оние кои оваа година се далеку од своите семејства и пријатели. Ви испраќам љубов и здравје“, напишала таа.

Да потсетиме, светските медиуми објавија дека Дуа Липа и нејзиното момче, манекенот Анвар Хадид раскинале по две години врска.

А наводните извештаи велат дека парот не можел да ја одржи врската и покрај сите заеднички напори да останат заедно.

Поврзани содржини