ДСЗИ констатирал низа прекршоци во здравствените установи во Куманово
Таа појасни дека вториот надзор, пред два дена, бил во повеќе институции, односно во просториите на Центарот на јавно здравје, Службата за итна медицинска помош во Здравствен дом во Куманово, кај матичните на пациентите, и во трите лабаратории во Скопје, кои извршиле тестирање.
Директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова-Бухова на денешната прес-конференција се произнесе за давата Инспекциски надзори во Куманово.
Според неа, првиот е извршен на 17 април и тоа во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Куманово. Целта на истиот бил утврдување на фактичката состојба во однос на работата на предметната установа, постапување во однос на протоколите и алгоритмите за следење на случаи поврзани со ковид-19.
– Првото тестирање е извршено на 26.03.2020 година на лица од Кризниот штаб во Општина Куманово, при што се тестирани 28 лица, за кои се добиени 28 негативни резултати. Второто е извршено на 12 април и земени се 38 брисеви од кои 5 биле позитивни и издадени решенија за 37 контакти – рече Сотирова-Бухова.
Таа информираше и при двете тестирања не била спроведена епидемиолошката акета од страна на епидемиолог од Центарот за јавно здравје. Потоа таа вели дека и двете тестирања биле заведени како скрининг, затоа што епидемиологот сметал така, а тоа е прекршок по член 27 од Законот за заштита на население од заразни болести, за што била потребна дозвола од министер.
Вториот прекршок е тоа што брисевите се земени во Општина Куманово, што е противно на протоколите, затоа што тие треба да се земаат исклучиво во овластениот центар на јавно здравје, каде што имаа соодветни услови, опрема и кадар.
Таа појасни дека вториот надзор, пред два дена, бил во повеќе институции, односно во просториите на Центарот на јавно здравје, Службата за итна медицинска помош во Здравствен дом во Куманово, кај матичните на пациентите, и во трите лабаратории во Скопје, кои извршиле тестирање.
-Во службата за Итна Помош имало пропусти при евиденцијата. Во службата за општа болница Куманово М.Д. (градоначалникот Максим Димитриевски) и уште едно лице, биле заведени како итни случаи, и даден итен упат за инфективната болница во Скопје. Лицето не е појавено на преглед. Подоцна таа истакна дека лицата биле упатени на домашно лекување.
-Лицата за кои на 16 април е издадено решение за домашно лекување, не постапиле по решението. Тоа е казниво, за што ќе се изрече прекршочен прекршок од 300 до 600 евра. Вториот прекршок е неправилна евиденција во службата за итна медицинска помош. Таму е во тек вонреден стручен надзор, рече Бухова.