ДС бара забрана за увоз на возила постари од три години

2,479

Демократскиот сојуз смета дека Владата треба да донесе законски ограничувања со кои ќе спречи Македонија да се претвори во депонија на стари автомобили.

Наместо да се дозволува увоз на автомобили со старост до 10 години, ДС предлага да не се дозволува увоз на автомобили постари од 3  години, товарни возила да не можат да се увезуват постари од пет години, а автобуси постари од две години.






„Земјите на Европската унија субвенционират купување на електрични автомобили, се ослободуваат од возила на дизел гориво и веќе ги исклучуваат постарите возила. Во ваква состојба сосема логично е старите возила со висок степен на загадување да ги продават во посиромашните замји, дефакто ги претварат во депонии на стари возила.

Имаме разбирање за фирмите кои увезуваат стари автомобили, но наместо стари, државата треба да субвенционира увоз на електрични и нови автомобили, автобуси и товарни возила. На овој начин ќе се придонесе за намалување на загаденоста на воздухот и еко средината. Увозот на стари возила беше популистичка политика, на штета на здравјето на сите граѓани, посебни на младите“, велат од ДС.

Поврзани содржини