ДРЖИ СЕ НОВАК! Никој од нас не застана во негова одбрана
Можам со сигурност да кажам дека Новак е секогаш прв кој се залага за играчите, а никој од нас не застана во негова одбрана на него. И не ме нарекувајте антиваксер, ве молам!, напиша Корне на Твитер.
Француската тенисерка Ализе Корне ја коментираше судската одлука за укинување на визата на Новак Ѓоковиќ поради што Србинот ќе биде депортиран од Австралија.
– Знам премалку за да судам за ситуацијата. Но, можам со сигурност да кажам дека Новак е секогаш прв кој се залага за играчите, а никој од нас не застана во негова одбрана на него. Држи се Новак. И не ме нарекувајте антиваксер, ве молам! Ви благодарам – напиша Корне на Твитер.
Федералниот суд на Австралија утрово одлучи да го депортира светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и со тоа тој нема да може да игра на Грен слемот во Мелбурн.