ДРЖЕТЕ СЕ ПОДАЛЕКУ ОД НОВИНАРИТЕ Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Ова доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18-те работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.

885

Организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази, донела наредба со која им забранува на лекарите, сестрите и на болничарите на Клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност.

„Клиниката ја донесе следната Наредба: За забрана на неовластено присуствување, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично со што би се нанело штета на интересите на угледот на Клиниката. Средба со новинари, други медиуми само со претходно известување на в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи а санкционирање“, се вели во наредбата.






Ова доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18-те работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.

Поврзани содржини