„Држете растојание“ е акција со која граѓански активисти на најдиректен и визуелно-експлицитен начин ги потсетуваат граѓаните да држат растојание, да избегнуваат гужви, да го намалат ракувањето и да ги минимизираат своите контаки и на тој начин да се заштитат себеси и другите од неволјата која не снајде сите со пандемијата на вирусот Ковид 19.
„Едновремено преку акцијата сакаме да ги потсетиме граѓаните да ги почитуваат препораките и да се прдржуваат до упатствата кои ги издаваат надлежните државни органи. Сметаме дека во оваа ситуација превенцијата е најбитна и затоа преку јазикот на уметноста се обудуваме да ги комуницираме пораките за превенција од ширење на опасниот вирус“, велат организаторите.