„ДРЖАВНИОТ ВРВ НЀ ЗАГЛАВИ НА ПАТОТ КОН ЕУ“ Демократски сојуз повика на избори за да се проверат политиките  

513

Демократскиот сојуз ја повика власта да организира парламентарни избори за да се проверат политиките кои се нудат.

Партијата ја обвини власта дека вчера на најголемиот македонски национален и државен празник, Илинден, државниот врв држел говори, далеку од народот, со силно полициско обезбедување и со одбрани гости.






„Имаше обид да се злоупотреби овој светол празник, да се повикува на илинденците и на востанието за наводно да покажеме и сега храброст за да се промени Уставот, за Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ.

Многу е несоодветно било кој да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот, а истовремено да се бега од народот или да се направи нешто што 80% од народот не го прифаќа.

Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори. Барајте поддршка, не бегајте, не се сокривајте од народот!

Со политички блефови, театар, манипулации и злоупотреба на историските настани, нема да победите ниту ќе направите реформи, а уште помалку ќе обезбедите сполотеност и единство. Ќе ‘купите’ некој ден повеќе да бидете на власт, но народот ќе ве казни!“, се наведува во реакцијата на Демократскиот сојуз.

Оттаму додаваат дека неспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но дека токму државниот врв „нѐ заглавил на тој пат со прифаќање неприфатливи услови, со коленичење и сервилност, без консултации со народот, без стратегија и поширок политички консензус“.

 

Поврзани содржини