ДРЖАВНИОТ ВРВ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА КЛУБОТ Потпалувачки провокации за нарушување на односите

90

Државниот врв остро го осуди палењето на влезот на клубот „Иван Михајлов“ во Битола. Министерот за надворешни работи Бујар Османи го нарече вандалски чиннарече се случува на денот кога двете земји остваруваат дијалог на ниво на министри.

Денеска и утре во работна посета на македонија е неговата бугарска колешка Теодора Генчовска. За посетата се откриени многу детали, освен дека е иницирана од Османи и е во насока на продолжување на дијалогот за отвровоорените билатерални прашања меѓу двете земји. Таа, според бигарските медиуми, ќе оди и во Битола по инцидентот кој се случи рано ут






Полицијата била повикана рано утринава и увидот се уште е во тек. Опожарена е влезната врата и натписот на клубот над неа. увид изврши и обвинителството од каде најавија дека ќе се обезбедат снимките од безбедносните камери со цел да се утврди сторителот.

Осуди за настанот пристигнаа премиерот Димитар Ковачевски, од министерот за евроинтеграции, од шефот на државата и од опозицијата.

„Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите“, напиша Ковачевски.

Поврзани содржини