ДРЖАВНИОТ УДАР НЕ УСПЕА Руските војници ќе го напуштат Казахстан

Обидот за државен удар не успеа, ситуацијата во сите региони на земјата е стабилна, главната мисија на ОДКБ е завршена, рече претседателот Токаев.

826

За два дена ќе започне повлекувањето на војниците на контингентот на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) од Казахстан, изјави денеска претседателот на Казахстан Касам-Жомарт Токаев.

-Обидот за државен удар не успеа, ситуацијата во сите региони на земјата е стабилна, главната мисија на ОДКБ е завршена – рече Токаев.






Претседателот го назначи Алихан Смаилов за премиер, соопшти прес-службата на шефот на државата. Смаилов беше првиот вицепремиер и вршител на должноста премиер, откако Токаев ја прифати оставката на владата предводена од Аскар Мамин на 5 јануари, поради протестите.

Поврзани содржини