ТРИ ДРЖАВИ ИМААТ „СЕВЕРНА“ ВО ИМЕТО Постојат ли Севернокорејци и Северноирци?

Постојат само Кореанци на Кореанскиот Полуостров, додека во Северна Ирска луѓето се чувствуваат како Ирци, Британци или како Улстер. „Северноирскиот“ идентитет е комплексен, бидејќи тие останале под круната на Велика Британија и решиле да бидат протестанти, за разлика од останатите Ирци на југот кои традиционално се католици.

912

Уште две држави во светот ја делат судбината на Македонија да го имаат зборот „северна“ во своето име, а нивните приказни не се далеку од нашата. Поделбата на север и југ кај Северна Кореја и кај Северна Ирска или на исток и запад, како во случајот со Источна и Западна Германија се случувал поради поделбата на светот од големите сили, нешто слично како што во 1945 година на Јалта било решено дека Егејска Македонија ќе остане под западно влијание во рамките на Грција.

Северна Кореја и Северна Ирска и ден-денес функционираат под своето име, а изведените термини Севернокореец или пак Северноирец кои светот ги употребува, особено медиумите не се користат и од самите граѓаните на овие држави. Постојат само Кореанци на Кореанскиот Полуостров, додека во Северна Ирска луѓето се чувствуваат како Ирци, Британци или како Улстер. Идентитетот на Северна Ирска е комплексен, бидејќи тие останале под круната на Велика Британија и решиле да бидат протестанти, за разлика од останатите Ирци на југот кои традиционално се католици.






И додека руските и американските трупи во 1945 се тркале кој ќе стигне до Пјонгјанг или до Берлин, Ирска уште во 1921 година е поделена на север и југ. Северни или не, еве ги приказните на овие две земји.

Северна Ирска

Северна Ирска е дел од Обединетото Кралство кое важи за посебна земја, составена од шест помали републики. Била создадена во 1921 година кога шесте републики одбиле да ѝ се приклучат на Ирска во прогласувањето независност. Тие генерално биле протестантски потомци на колонизаторите од Велика Британија.

Во Северна Ирска, националниот идентитет е сложен и разновиден. На пописот во 2011 година, трите најчести идентитети беа британски, северноирски и ирски. Но, луѓето се нарекуваат или само Ирци, само Британци или малцинството Улстер, според местото каде колонизаторите дошле во 17 век.

Создавањето на Северна Ирска било придружено со насилство и во одбрана и против поделба. Во текот на 1920-1922 година, главниот град Белфаст доживеал огромно насилство, главно меѓу протестантските унионисти и католичките националистички цивили. Повеќе од 500 биле убиени, а повеќе од 10.000 католици пребегале на југот од Ирска.

Католиците кои останале биле дискриминарани. Се смета дека до 1998 година, кога конечно бил потпишан Договорот од Велики Петок за разоружување, над 3.500 луѓе ги загубиле животите, а 50.000 биле повредени.

Северна Кореја

Приказната на Северна и Јужна Кореја почнува во далечната 1910 година. Уште тогаш, пред двете светски војни, Јапонците го окупирале полуостровот. На 9 август 1945 година, во последните денови на Втората светска војна, Советскиот Сојуз ѝ објави војна на Јапонија и напредуваше во Кореја. Кога виделе дека се работи за целосна инвазија и влијание, Американците побарале југот и градот Сеул да бидат оставени за нив и за две недели слетале со авиони.

Оттогаш постојат двете Кореи, но жителите останаа Кореанци. Сепак, за да се разликуваат, луѓето измислиле и нови термини. По поделбата, на северот луѓето се нарекуваат себеси Чосун, а на југот Хангук. Тие нејќеле толку да се врзуваат со оригиналното име Кореа кое доаѓа од времето на античкото кралство Гогурејо кое владеело со целиот полуостров и со делови од Источна Азија.

Тука не завршува приказната. Северот и југот по поделбата во 1945 војувале во своја Корејска војна од 1950 до 1953 година која заврши со договор за примирје, но без мировен договор. Интересно да се знае дека и југот долго време бил воена диктатура сè до 1987 година кога се одржаа првите избори.

Двете нации се приклучија на Обединетите нации во 1991 година и се признаени од повеќето земји-членки. Во 2000 година, претседателот Ким Дае-јунг стана првиот претседател на Јужна Кореја кој ја посети Северна Кореја, 55 години откако полуостровот беше поделен.

Поврзани содржини