ДРЖАВЕН УДАР ВО ГАБОН Војската ги затвори границите и ги распушти институциите

Агенциите објавија дека во главниот град Либревил се слушале и истрели. Владата досега не реагираше на објавата на војниците.

259

Воени и полициски офицери на Габон  објавија дека ја презеле власта во земјата. Тие на телвизијата Габон 24 соопштија дека ги поништуваат резултатите од саботните избори, на кои за победник беше прогласен претседателот Али Бонго. Опозицијата тврдеше дека изборите се наместени.

– Сфаќајќи дека имаме „неодговорна и непредвидлива влада“ која може да ја доведе земјата во хаос, решивме да го браниме мирот со ставање крај на владејачкиот режим. Распуштени се сите институции, Владата, Сенатот, Народното собрание, Уставниот суд. Го повикуваме населението да остане смирено и да ја потврди нашата посветеност за почитување на обврските на Габон кон меѓународната заедница – изјави претставник на групата од десетина војници.





Соборувањето на Бонго би значел крај на 53-годишното владеење на неговото семејство во западноафриканската држава богата со нафта. Тој дојде на власт по смртта на татко му Омар во 2009 и веќе преживеа еден пуч пред четири години.

Агенциите објавија дека во главниот град Либревил се слушале и истрели.

Владата досега не реагираше на објавата на војниците.

Поврзани содржини