ДРЖАВАТА ЗАШТЕДИ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА СО ДОБИЕНИТЕ АРБИТРАЖИ Од 8 наследени, добиени се 3 постапки
Портпаролката на Владата Марија Митева откри и дека претходната влада на СДСМ лажела дека ја добила арбитражната постапка и дека во април 2023 година во Виена водела преговори за можна спогодба со Казандол. Потенцијалната штета од 8 наследени постапки, вели таа, изнесува 865 милиони евра.
Владата од наследените 8 активни арбитражни постапки, со одговорен и ефикасен однос успешно заврши 3 во полза на Македонија со што е направена заштеда на буџетот од 516 милиони евра, информираше денеска владината портпаролка Марија Митева.
Покрај за добиениот арбитражен спор со дел од инвеститорите од рудникот „Казандол“ во Валандово со што се заштедени 115 милони евра, за кој Владата соопшти вчера, Митева на прес-конференција посочи дека добиени се и постапките „Саса“ со вредност од 445 милиони и „Гама“ против Македонија од над пет милиони евра.
– Кога сме кај лажните обвинувања од СДСМ дека оваа арбитражна постапка била добиена и завршена кога тие беа во Владата тогаш очекуваме одговор зошто во првата половина од април 2023 година во Виена се водени преговори за можна спогодба со Казандол, помеѓу претставници од Владата и на тужителите, за што потврда е дека оваа Влада има донесено одлука со што ја има одбиено предложената спогодба – рече Митева.
Покрај 8 наследени арбитражни постапки, од кои 3 се инвестициски, а 5 трговски спорови, Митева посочи дека Владата наследила и најава за опомена на тужби за најмалку уште 4, а вкупната потенцијална штета изнесувала 865 милиони евра.
– Овој податок говори за неодговорниот однос на претходната влада, која со свооите постапки ги доведе во ризик Буџетот на државата и меѓународниот углед – рече Митева.
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за арбитражата во врска со рудникот во Казандол, изјави дека не е вистина дека со тоа што компанијата инвеститор изгубила дека сега ќе таму ќе се појави рудник и дека тоа е спин на, како што вели, одредени кругови кои не ѝ мислат добро на Македниа.
– Причината за да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од Владата за формирање на рудникот Казандол. Сопствениците на компанијата барале отштета од 115 евра. Изгубија на суд. Тоа значи дека веќе немааат концесија – дециден беше Мицкоски.