Државата за шест месеци му врати на стопанството 206 милиони евра ДДВ
Според Министерството, ова се највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид ковидкризата.
Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе, индформира министерството за финансии.
Според Министерството, ова се највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид ковидкризата.
– Споредбено со претходните две години, повратот е значително повисок. Така ако се спореди првото полугодие од 2020 со истиот период во 2018, повратот е повисок за 26% отсто, додека во споредба со 2017 повратот е повисок за високи 44% додаваат од Министерството за финансии..
Минатата 2019 година, фирмите добија поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5% повеќе во однос на 2018 година или дури 44% повеќе во однос на 2016 година.