ДРЖАВАТА ГИ ПОКРИВА СИТЕ ТРОШОЦИ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Поддршката ќе продолжи до крајот на лекувањето

Грижата од страна на Владата ќе продолжи и во периодот што следи. Однапред не може да се знае колку средства ќе бидат потребни, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

123

Владата дава максимална поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Покрај финансиската поддршка што беше обезбедена од Буџетот за семејствата чии блиски се лекуваат во странство, фокусот е на континуираната поддршка во овој процес, кој ќе биде долготраен, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во отворената хуманитарна програма „Канал5 и Македонија за Кочани“.

– Владата од првиот ден стои во намерата да помогне. Донесовме одлука со која направивме пренасочување или издвоивме средства за семејствата на оние пациенти коишто се надвор од државата, со цел да им помогнеме во овој момент со транспорт и престој. Владата дава максимална поддршка и на Црвениот крст во прибирањето на средствата од донации, затоа што требаше да се реагира брзо и процесот да се одвива ефикасно – рече министерката.

 






Димитриеска Кочоска потенцира дека сите пациенти се згрижени, дека државата стои зад тоа и дека нема потреба од дополнителни средства од страна на семејствата.

– Грижата од страна на Владата ќе продолжи и во периодот што следи. Однапред не може да се знае колку средства ќе бидат потребни. Фокусот е да ги вратиме сите повредени кои се лекуваат во странство назад и секако да му помогнеме на Кочани со инвестиции – истакна министерката.

Таа се осврна на контролите што се спроведуваат и наведе дека оваа трагедија во пракса покажа дека законите кои се напишани треба да се почитуваат.

Поврзани содржини