Државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка, потврди истрагата
Каруана Галиција беше убиена во напад со бомба поставена под нејзиниот автомобил недалеку од нејзиниот дом во октомври 2017 година.
Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт, објави „Би-Би-Си“.
Во извештајот што го пренесуваат малтешките медиуми се наведува дека државата не забележала ниту препознала дека постои ризик по животот на новинарката и не презела соодветни чекори за да го избегне убиството.
Каруана Галиција беше убиена во напад со бомба поставена под нејзиниот автомобил недалеку од нејзиниот дом во октомври 2017 година.