ДРЖАВАТА ЌЕ КУПИ КЛИМИ ЗА 2,7 МИЛИОНИ ЕВРА И ЌЕ ГИ ВГРАДИ КАЈ РАНЛИВИТЕ ПОТРОШУВАЧИ Нема повеќе „прв дојден, прв услужен“

Клима уредите ќе се набавуваат преку јавна и транспарентна тендерска постапка и истите ќе се поделат според месечните приходи на домаќинствата, од најниските до највисоките, сè до исцрпување на средствата. Тоа е гаранција дека уредите ќе ги добијат оние на кои им се најнеопходни, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

1,398

Државата обезбеди 2,7 милиони евра со кои ќе купи клима-уреди и ќе ги вгради во домовите на ранливите семејства.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува вистинска грижа за сите категории на граѓани, а таа грижа посебно се истакнува кај граѓаните од ранливите категории. Секој македонски граѓанин заслужува еднаков третман од државата и покомотни и достоинствени услови за живеење. Врз основа на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавен е оглас за поддршка на домаќинства кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија. Огласот предвидува субвенции за инвертер клима уреди за граѓани од ранливи категории, кој ќе трае 60 дена и за таа цел од Владата се обезбедени 170 милиони денари (2,7 милиони евра), соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Станува збор за клима уреди од класата А+ со инсталирана моќност од 3,5 киловати, кои ќе бидат вградени директно во домовите, се вели во соопштението.

„Нема веќе принцип „прв дојден-прв услужен“, клима уредите ќе се набавуваат преку јавна и транспарентна тендерска постапка и истите ќе се поделат според месечните приходи на домаќинствата, од најниските до највисоките, сè до исцрпување на средствата. Тоа е гаранција дека уредите ќе ги добијат оние на кои им се најнеопходни. На овој начин ќе се придонесеме семејствата од ранливите категории да имаат поголем комфор во својот дом како во летото, така и во зимата“, се вели во соопштението.

Од друга страна, се додава, со оваа мерка се интервенира и во делот на заштитата на животната средина, со намалување на загадувањето, посебно во периодот на грејната сезона кога граѓаните ги затоплуваат своите домови.

Освен субвенциите за инвертер клими, Владата обезбеди и финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливите категории, се вели во соопштението.

Огласот за овие субвенции го објави Министерството за енергетика на својата веб-страница.

Досега овие субвенции се доделуваа така што граѓаните кои купиле клима-уреди се јавуваа на конкурс.

Поврзани содржини