Државата ќе ги менаџира приватните болници

Тука не станува збор за национализација на приватните болници, туку за управување со нив во битката против пандемијата на коронавирусот таму кадешто Владата ќе процени дека треба, објасни Пендаровски.

888

Претседателот Стево Пендаровски објасни дека откако ќе биде прогласена кризна состојба во траење од 30 дена тогаш Законот за одбрана и Законот за управување со кризи посебно даваат многу пошироки можности за поддршка на надлежните институции, пред сѐ, здравствените од страна на армијата.

Втората важна разлика што е дозволена во кризна состојба, додаде Пендаровски е во законската можност Владата да управува со ресурсите на органите на државната управа и на јавните претпријатија на општините и на Градот Скопје.






– Вклучувајќи и трговските друштва, во овој случај, и приватните здравствени установи. Тука не станува збор за национализација на приватните болници, туку за управување со нив во битката против пандемијата на коронавирусот таму кадешто Владата ќе процени дека треба – објасни Пендаровски.

За сите услуги кои приватните здравствени установи ќе ги даваат ќе има компензирање. Не се работи за национализација, туку државата ќе се јави во улога на менаџер, додаде Пендаровски.

Државата ќе покрие 30 проценти од пазарната вредност на трошоците за лекувањето во приватните клиники.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека сите ресурси на приватните клиники ќе бидат земени предвид, вклучително и болничките капацитети за сместување и кадарот.

 

Поврзани содржини