ДРЖАВАТА ЌЕ ДЕЛИ СУБВЕНЦИИ ЗА КОНКУРЕНТНОСТ И ЗА ЛАБОРАТОРИИ Огласите се објавени, течат роковите
Распределбата на парите е според системот „прв дојден, прв усужен3, а токот за достава на документите е 15 октомври 2024 година.
Вкупно 530.000 евра им се на располагање на компаниите од Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2024 година, соопшти Министерството за економија.
Компаниите од денеска можат да аплицираат за две мерки за кои се објавени јавни повици. Првата мерка е поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар, а втората за надомест на дел трошоците за лаборатории. Парите ќе се распределуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.
За јавниот повик за поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачка индустрија – развој на деловниот субјект, развој на производ и развој на пазар предвидени се 6.500.000 денари.
На јавниот повик може да алицираат компании од преработувачката индустрија кои имаат најмалку 5 вработени лица, и да нема добиено финансиска поддршка од државата за истата активност во изминатите две години.
Министерството за економија и труд го надоместува делот на трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на барателот, но не повеќе од 300.000 денари.
За јавниот повик за надомест на дел трошоците за лаборатории обезбедени се вкупно 3.000.000 денари.
На јавниот повик може да аплицираат компании кои се во секторот за техничко испитување и анализи и организационите единици при факултетите, кои се бават со оваа дејност.Eден барател може да поднесе пријава и барање само за една активност. Корисник на субвенција не може да биде деловен субјект кој добил државна помош за иста активност во претходната година.
Министерството за економија и труд надоместува дел од трошоците во висина од 50% од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 400.000 денари поединечно за секој деловен субјект барател на средства, согласно расположивите средства.
Рок за доставување на апликациите е до 15 октомври 2024 година.