ДРЖАВАТА ДЕЛИ СУБВЕНЦИИ ЗА ОВЧАРИ И СТОЧАРИ Помошта може да изнесува до 360.000 денари по вработено лице, најмногу за 20 вработени

Во Македонија со години голем проблем за сточарите е обезбедувањето овчари. Тие што се нафаќаат да чуваат овци и јагниња бараат високи плати, од најмалку 1.500 до 2.000 евра.

171

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сточарите, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави повикот за поддршка за исплатена нето – плата за чување и напасување на добиток.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при МЗШВ.






Поддршката, која се дава преку оваа мерка е во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.01.2022 до 31.12.2022 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади), кое се наоѓaат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри. Поддршка во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.01.2022 до 31.12.2022 година, се дава како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина под 700 метри, односно за регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот, кои се наоѓаат во населени места со надморска височина помала од 700 метри.

Максималната вредност на прифатливи трошоци е не повеќе од 360.000 денари по вработено лице, најмногу за 20 вработени лица. За над 10 вработени лица, поддршката се намалува за 50%.

Министерството ги информира сточарите дека крајниот рок за доставување на барањата е до 20 декември 2023 година. Своите барања за исплата пополнети заедно со целокупната потребна документација треба да се достават до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку пошта или лично во писарницата на Агенцијата.

Во Македонија со години голем проблем за сточарите е обезбедувањето овчари. Тие што се нафаќаат да чуваат овци и јагниња бараат високи плати, од најмалку 1.500 до 2.000 евра.
Според сточарите, Македонија бележи постојано намалување на сточниот фонд. Ако порано во државата стадата овци се броеле со милиони грла, денес се смета дека во Македонија фондот е околу 300.000. Сите региони бележат таков назадувачки тренд. Повеќе ги нема познатите стада овци во регионот на Свети Николе, на пример, како што селата Немањици и другите места кои останаа без овци и јагниња. Драстичен пад на стадата овци бележи и Малешевијата која порано важеше за сточарски регион.

 

Поврзани содржини