ДРЖАВА Е ОВА, НЕ Е ЗАЕБАНЦИЈА Синот на Џафери ќе поднесе обвинение за внукот на Ахмети?!
Од афоризницата на познатиот инфлуенсер Иљче Затаракоски.
Јас не знам шо паничите…
Ако напрајл внукот на Ахмети некој криминал при купопродажбата на Соравија, синот на Џафери ќе поднесит обвинение и сѐ ќе се решит.
Држава е ова, не е заебанција…
ххх
Да ја гушкавте и Соравија, сега ќе имаше повисоко мислење за себе, ќе се вреднуваше повеќе и не ќе се продаваше за 0 денари.
Ама нееее, вас само ГТЦ ви беше важен.
ххх
Драго ми е шо Али го спречи Љубчо да ја поделит државава, зш иначе кој ќе го гледаше кај шо се мачит да крадит од 2 држави.
ххх
За внукот на Али – 0 денари за цел трговски.
За тебе – 0 денари камата за брз кредит.
Едно опшесво за сите!
ххх
Да му продадамм јас еден долг на Дрин за 0 денари, ако е заинтересиран.
ххх
Внукот на Ахмети бил мотивиран од сѐ она што вујко му го правел за државава.
*вујко му: 22 години пратеник, 0 појавувања на работно место.
Прав мотиватор.
ххх
Реално, поубаво да имаш вујко во ДУИ, отколку вујко во Австралија.
ххх
Ако работите чесно и посветено и навремено ги подмирувате сите долгови кон државата и вашите деца ќе можат да ги гледаат правнуците на Ахмети како си купуваат трговски центри.
ххх
Да му дадевте и на Стево 0,2% од Соравија.
Да имат бар едно тезгиче ко ќе ојт во пензија, да мојт пувки да продават.
(Фејсбук статуси на авторот)