Дрвото на живот(ни)от стандард
Нека целокупниот БДП на Македонија е едно јаболково дрво. Дрвото дава род од 10 јаболка, кои имаат пазарна цена од 10 денари по парче. Значи, вкупниот номинален БДП на земјата изнесува 100 денари, што воедно го претставува и реалниот БДП. Сега замислете во економијата да сме дистрибуирале доходи по сите основи: плати, пензии, социјална помош, субвенции и други трансфери во износ од 150 денари. Доколку не сме засадиле уште едно дрво, а постојното го обезбедува истиот род од година во година, или незначителнмо повеќе, номиналниот БДП би се зголемил на 150 денари, а реалниот БДП останува 100 денари.
Сето она што на територијата на Република Македонија ние како резиденти, вклучително и странските инвеститори и други нерезиденти кои обавуваат некаква дејност, создаваме во вид на стоки и услуги за финална потрошувачка, во текот на една година, се нарекува Бруто домашен производ (БДП). Тој е извор за нашата лична потрошувачка, инвестициите на јавниот и приватниот сектор, јавната потрошувачка и нето извозот (извоз минус увоз).
Некако природно сме наклонети кон личната потрошувачка, макар што и другите компоненти на БДП се подеднакво значајни за поддршка на животниот стандард на граѓаните на среден и долг рок.
Инвестициите како дел од БДП кој не се троши тековно служат за замена на постојниот капитал и инфраструктура во економијата и проширување на нејзината производствена основа. Јавната потрошувачка обезбедува стоки и услуги кои не ги пружа приватниот сектор (образование, здравствена заштита, одбрана и обезбедување јавен ред и мир и сл.)
Кога нашиот увоз го надминува извозот, што претставува редовна практика во нашата економија, расте нашиот надворешен долг, за чие сервисирање се плаќаат камати.
Е сега, да поедноставиме до максимум. Нека целокупниот БДП на Македонија е едно јаболково дрво (јаболкница во мојот дијалект). Дрвото дава род од 10 јаболка, кои имаат пазарна цена од 10 денари по парче. Значи, вкупниот номинален БДП на земјата изнесува 100 денари, што воедно го претставува и реалниот БДП.
Сега замислете во економијата да сме дистрибуирале доходи по сите основи: плати, пензии, социјална помош, субвенции и други трансфери во износ од 150 денари. Доколку не сме засадиле уште едно дрво, а постојното го обезбедува истиот род од година во година, или незначителнмо повеќе, номиналниот БДП би се зголемил на 150 денари, а реалниот БДП останува 100 денари.
Кој е резултатот? Цената на едно јаболко се зголемува на 15 денари! Повеќе од очигледно е дека јадеме повисока инфлација, а не повеќе јаболко.
(Упатено кон сите кои мислат дека може во недоглед да се троши нешто што не се произведува)